Во просториите на Владата, денеска се одржа средба на премиерот Зоран Заев и пратеникот Кастриот Реџепи.

Заев и Реџепи искажале заедничка заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани на нашата земја.

Заев и Реџепи низ разговорот потенцирале дека во последните години државата и народот направиле големи чекори за обезбедување сигурна и безбедна иднина, при што изразиле уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во Парламентот.

Двајцата соговорници се согласни дека односите меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници во Македонија се братски, пријателски и другарски и дека сите политички чинители имаат и обврска и одговорност овие односи да ги негуваат и унапредуваат.

На средбата биле изнесени очекувања за конечно исполнување на ветувањата од страна на Европската Унија и за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што би почнале преговорите за членство на нашата земја во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.