Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА вели дека првите дози од вакцината на „Фајзер“ во Македонија ќе пристигнат во февруари. Вели дека годинава почнуваат активностите за конечно запирање на ширењето на Ковид-19.

Набавката подразбора 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Веќе е потврдено дека првите количини од „Фајзер“ вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021. Предвиден е и трет механизам преку Европската Унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата. Ние аплициравме за дополнителни 800.000 дози од овие 100 милиони. Започна процесот на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид-19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината се вклучени во обуката со поддршка на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Се подготувуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Добри вести се и оние кои велат дека вакцини за нашите граѓани ќе пристигаат во исто време кога ќе пристигаат и кај некои од земјите-членки на ЕУ како што се Бугарија, Австрија, Грција, Полска и кои веќе најавија дека дел од нивните вакцини ќе бидат распоредени и за земјите од Западен Балкан, вели Заев во интервјуто за МИА.

Појаснува дека темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 го утврдува Ковакс системот.

Министерството за здравство веднаш откако се укажа можноста за директни преговори со производители на вакцини против Ковид-19, стапи во контакт со произведувачи на вакцини како Фајзер и Астра Зенека. Водиме преговори и со други произведувачи кои се на пазарот. Првите сериозни количини вакцини кои може да направат реална промена на иминуолошки план ќе ги добиеме во исто време со останатите земји од регионот. Масовната вакцинација во Македонија ќе се случува во исто време со земјите од регионот, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.