Ковачевски порачувам да ги чува вредностите на СДСМ, солидарноста, слободата демократијата, еднаквоста помеѓу граѓаните. Да го чува целиот демократски капацитет и потенцијал бидејќи преку оваа партија и е потребен на татковината. Тоа се вредности поради кои сме прелеале и крв, изјави поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев пред примопредвањето на лидерската функција на новоизбраниот претседател Димитар Ковачевски.
„Аманетот е да победува на следните избори за да може социјалдемократијата и вредностите да бидат уште повеќе имплементирани во нашето општество и преку победите да го гарантира евро-атланскиот пат на државата и проектот едно општество за сите“, вели Заев.
Ковачевски е сериозен човек, доктор на науки кој знае да праша, но не дозволува некој да му се наметнува од страна, изјави екс лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали тој и понатаму ќе владее со партијата, а Ковачевски ќе биде само извршител на наредбите.
Првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе биде првиот успех на премиерот Ковачевски, изјави Заев и додаде дека Ковачевски е извонредно погоден за околностите пред кои е исправена земјата, а тоа е, како што рече, пред се економскиот предизвик.
Се работи за човек сериозен интелектуалец, доктор на науки, којшто знае да праша, но не дозволува некој да му се наметнува или да диктира од страна, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.