На прашањето дали воведувањето на нова титула прв вицепремиер во владата, функција која му се доделува на ДУИ и Артан Груби, води кон федерализација на Македонија, претседателот на СДСМ вели дека – не.
Прв вицепремиер значи дека е заменик на премиерот кога е отсутен за да ги води седниците или да прими делегација. Нема менување на закони и нема врзани потписи. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии за преземање одговорност, како и за чест. Самиот министер за политички систем ќе биде прв вицепремиер, Артан Груби, а другите тројца ќе бидат вицепремиери во соодветните ресори, рече Заев на вечерашната прес-конференција по седницата на ЦО на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.