Премиерот Зоран Заев ги објави десетте приоритети од #Акција21 кои, како што вели, се принципите според кои ќе се водат оваа година.

-Забрзувајќи ги процесите за европска Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време.

Десетте приоритети од #Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година. Нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме до крајот на мандатот на оваа Влада со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество, напиша Заев на ФБ.

Забрзувајќи ги процесите за европска Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 30 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.