Ќе се повлече од функција Заев доколку по вториот круг на изборите го изгуби Скопје, но и поголем дел од општините? Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев не дава конретен одговор на ова прашање. Во вечерашното интервју за ТВ 21 вели доколку тоа се случи, политиките на власта тешко ќе се остваруваат.
„Во такви околности јас како претседател на Влада и Влада предводена од мене не можете да влечете напред кон Европската унија кога имате политики на локално ниво кои што ќе направат се за да се скараат со Бугарија со Грција, во моментот две земји членки на Европската унија кои што само можат да молчат и нема напред“, посочи Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.