Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва заедно со Караванот Најдоброто за мојата општина се во Кочани, каде што пред жителите го претставуваат кандидато за градоначалник на Кочани и листата на советници.
-Слушам Мицкоски бил во Кочани, кажал неколку глупости и си заминал. Рекол дека ние во владата по цел ден сме седеле на кожени фотелји и ништо не сме работеле. Да, тоа се истите фотелји што ги купи Груевски. Истите се и во Белата палата, рече Заев.
Заев кампањата почна да ја води на непристоен начин, онака како што не доликува на премиер на една држава. Покажува „стап“, употребува недолични зборови…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.