Премиерот во заминување Зоран Заев по неколкудневен молк денеска преку социјалните мрежи денеска конечно објави кога во Јавното обвинителство пријавил за случајот „Рекет“ како што првично се пофали. Заев тврди дека тоа го направил на 22 април оваа година иако не покажа никаква официјална белешка дека тоа навистина го сторил.
Она што е зачудувачки е што може да се пронајдат десетина изјави на Заев од 22 април па се до крајот на летото кога пукна аферата во кои тој ја брани специјалната обвинитека Јанева и вели дека нема намера да се откаже од неа. Во август Заев како конечно да се свести и рече дека настапот на Јанева е идиотски.
Се прашуваме како е можно Заев од една страна да тврди дека пријавил за случајот а од друга страна да продолжил да брани една од осомничените а подоцна и обвинета, во случајот Јанева.

На 21 август Заев тврдеше дека прашањето дали да остане Јанева на чело на СЈО е институционално прашање и е трошката надеж за враќање на правната држава.
На прашањето дали е подготвен да ја смени Катица Јанева тој одговaри:
–Апсолутно не. Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја.Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време- рече Заев во август годинава, четири месеци откако пријавил за „Рекет“.
Еден месец порано пак Заев тврдеше дека никој не е виновен додека не се докаже спротивното.
Не е мое да коментирам истрагата за „Рекет“ која допрва треба да се докаже кој е виновен-говореше Заев во јули годинава.
Заев ја бранеше Јанева и на дуелот на дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Не се откажувам од Катица Јанева зошто е капацитет, велеше Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.