По објавената аудио „бомба“ во која се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев во разговор со непознат соговорник во која тој се фали дека „ќе соберел и шарени, и шуто и рогато и после “мамата ќе им ја е.ел на цела коалиција“, преку фејсбук пост Заев се огласи велејќи дека лошо се изразил во разговорот кој датира од 2016 година.
Заев додава дека наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминатите три години стојат на виделина, како што самиот пишува, сите добри односи, почит и достојна соработка со сите коалициони партнери.
Во видеото лидерот на СДСМ се фали дека ги има под контрола „шарените“ и во никој случај тие не можат да направат партија бидејќи тој ги регистрирал.
Денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека за секој разговор и т.н „бомби“ кои ќе се појават во јавноста мора да се постпаува и оти селективност не смее да има. Оттука се поставува прашањето дали тоа ќе го побара и за неговиот шеф Зоран Заев?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.