Премиерот Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 телевизија изјави дека го сменил законот за да се градат модуларни ковид болници, без атест и дозвола.
– Дефинитивно сите знаеме дека поставивме модуларни контејнери префабрикати, односно претходно сработени во фабрики. За таквите времено поставување на објекти не се дава употребна дозвола, се прави примопредавање на такви објекти и Законот јасно тоа го опишува. Сум бил градоначалник и знам кога се дава употребна дозвола. Таму кај што имате дозвола за градба се дава и употребна дозвола. Таму кај што имате времено поставување на модуларни префабрикати контејнери, префабрикати значи претходно изработени во фабрики, таму се дава примопредавање, истакна Заев.
Заев додаде дека објектите се поставени за да се згрижат граѓаните следејќи го она што се случува во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.