Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се уште не знае детали иако имал информација дека тие седуммината што преживеале, кога настанала несреќата успеале да го скршат прозорецот кај задните седишта.

-Ќе осатвам на бугарските експерти да ги кажат анализите за причините на несреќата. Живите имаат впечаток како тоа се случило. Ако ние политичарите тоа го кажуваме, може да настане проблем. Не може премиерот на Македонија да каже дали брзината била соодветна или дали бил исправен автобусот, тоа ќе го кажат стручните служќби, експертите и професионалците, нагласи Заев.

Информацијата за несреќата тој, како што истакна, ја добил во 3:30 часот ноќеска од премиерот Стефан Јанев, а потоа му се јавил и претседателот Радев.

Благодарен сум за посветеноста околу истрагата. Знам дека прават се како за свои граѓани. Ќе можеме по посетата на болницата од Јанев да се информираме за деталите. Прво ќе се видам со него, а со нас е постојано министерот Стоев. Благодарни сме на целата асистенција, подвлече Заев.

Тој информира и дека членови од семејствата на лицата кои се хопситализирани веќе дошле во болницата.

Тука се, имаа можност да си ги видат своите роднини, да поразгивараат со нив, а дел од нив  ги запознаеме, рече премиерот. Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс“, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје, нагласи Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.