Иако референдумот пропадна, граѓаните го поддржуваат Преспанскиот договор, сметаа премиерот Зоран Заев, кој во интервју за босанската телевизија Н1 откри дека според „последните истражувања кои ги правеле“ за 70 проценти од македонските граѓани Преспанскиот договор е добро решение.

Сега правиме наши истражувања. Дури и кога прашуваме: ‘Дали сте излегле на референдумот’, 67 отсто велат дека излегле, а излегоа 37 отсто. Добро ли е решението, конечно, 70 отсто. Што значи тоа? Тоа значи дека луѓето ги следат своите лидери. Затоа што договорот е транспарентен. Сите ги знаат деталите. Дебатата беше континуирана и сите знаат дека е фер и праведно, изјави Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.