Историјата да ја оставиме на историчарите. Mожеме да ја искористиме историјата на позитивен начин. Таа нѐ сплотува, нѐ спојува и низ нејзе можеме да градиме мостови на соработка и уште поголемо братство. Таа заедничка историја, ако ја правиме повеќе македонска, или повеќе бугарска, може да биде јаболко на раздор и да прави конфликти – вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле на македонски јазик.

Заев објави линк од целото интервју на својот фејсбук профил, но сподели и видео сегмент во кој нагласува дека историјата не е работа на политичарите.

Имаме прекрасен договор во кој полагам огромни надежи. Верувам дека можеме призмата на паметниот, европскиот пристап да ја искористиме позитивно – вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.