Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!
На тој начин ќе знаеме како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Cеверна Македонија и за промоција на земјата во светот.
Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени, напиша Заев на Фејсбук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.