Очекуваме реакција од иституциите по аудио бомбата за Зоран Заев, и тоа брза ракција, а доколку ја нема, народот е тука и веќе добро знае што треба да направи и каков одговор да следи на 12 април. Затоа во оваа држава под власт на правдоубиецот Заев ниту една работа не е на прав пат, но по вакви злодела, по вакви неправди и брутални грабежи, треба да знаат и тој и таквите како него, и тој и тие кои слугуваат, како и сите други кои ќе се огрешат, прав е патот само до затворот Идризово – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот масовен протест против неправдите кои, како што велат, и ги нанесе владата на Заев на Македонија.

Тој нагласи дека Луј Витон судството е последица на Луј Витон премиер, мераклија за куферчиња и пари. Не може луѓе да одат во затвор за кутија цигари, а за кражба на држава да бидат премиери.

А одговорност ќе има, ви велам ќе има без оглед на името и презимето, кој е и од каде доаѓа.А народот веќе ја зема судбината во свои раце и знае како треба. Ова се последните крици на исплашените, на престапниците и криминалците. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене е борба за спас на Македонија.
Ова не е Европска Македонија каква народот заслужува, ова е приказната на мафијата чија борба е за власт и пари. И ќе се изнаслушате разно разни приказни и невистини, кои се чисто алиби за поразот и утеха на исплашените, па ќе лажат дека еве странците ги сакале, ама не кажуваат дека странците не сакаат криминалци како нив, ќе кажуваат пред нивните членови дека ќе загубеле ама тие ќе формирале влада, и што уште не. Алиби, чисто алиби. Добро знаат дека Заев сега е на колена и од виткањето на кичма на државата е со најсвиткана кичма во СДСМ, и се што кажа во последните две години погреши, па така и тоа дека немало да има предвремени избори кои еве ги на прагот, а народот на нив ќе го има главниот збор.
И сосема на крај, Заев ќе изгубиш, тоа го знаеш. Ќе изубиш силно и јако од народот. Ако не беше достоинствен додека беше на власт, тогаш биди достоинствен во поразот, и не застанувај на патотот на народот. Од таму враќање нема. Ќе ја вратиме правдата, и честа, и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата, и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат нашата татковина.
Обновата ќе дојде, а народот се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права. Ако Заев е дилемата, 12-ти април е одговорот – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.