Во Основниот граѓански суд денеска продолжува судењето за клевета во тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Станува збор за изјавата дека во случајот „Рекет“ се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека Заев се наоѓа на врвот на пирамидата.

Како и на претходните рочишта, Николоски пред судот ќе се брани сам, без адвокат, а во адвокатскиот тим на премиерот повторно се адвокати од најскапата адвокатска фирма во Македонија.

Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати, рече Николоски на претходното рочиште, кога премиерот не се појави.

Овојпат Заев е во судот, а рочиштето почнува сега.

Николоски и претходно беше суден за клевета, но претходно од страна на братот, Вице Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.