Македонските членови не можат да прифатат политиката да биде водилка во работата на експертите и членовите во Комисијата да даваат изјави кои повеќе се одлика на лоши политичари отколку на членови на експертско тело, велат за „360 степени“ од македонскиот дел од историската комисија
Разликите меѓу двата тима се големи, коментираат за „360 степени“ од македонскиот дел од историската комисија со Бугарија откако копретседателите Ангел Димитров и Драги Ѓорѓиев соопштија дека не е постигнат напредок по дводневното онлајн-заседание.
Бугарските колеги се обидуваат да го наметнат бугарскиот етнонационален и исклучив наратив како единствен кој треба да се изучува во учебниците во Македонија. Поголем дел од бугарскиот тим во Комисијата нема чувство дека станува збор за образовен систем на друга држава и дека не може една држава да ѝ диктира на друга држава што ќе се изучува во училиштата во Македонија“, велат одмакедонскиот дел на историската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.