Премиерот Зоран Заев од парламентарната говорница вчера на седницата за пратенички прашања уште еднаш го повтори она што го кажа како сведок на судењето за обвинетите за организирање на настаните на 27 април. И тогаш и сега Заев посочи дека според она што тој го знае, обвинетите не се виновни за делото за кое се товарат.

Заев сведочеше пред судот за „27 април“ на 27 ноември минатата година. Тој тогаш рече дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не се организатори на настаните од 27 април. Тој на општо изненадување посочи дека тие не се главните виновници, иако процесот се води против нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.