Мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и заедничка иднина. Ова е главната цел на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), на земјите од Западен Балкан, рече премиерот Зоран Заев на средбата со новоизбрниот генерален секретар Алберт Хани.
Честитајќи му на изборот, Заев посочи дека Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ќе продолжи како и до сега активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија со седиште во Тирана.
Како една од најзначајните цели на иницијaтивата на Берлинскиот процес во чии рамки е основана, Регионалнта канцеларија за младинска соработка (RYCO), е важна за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан – изјави Заев.
Новоимечнувланиот генерален секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Хани, изјави дека оваа регионална мрежа е препознаена како една од најактивните земји во регионот и дека некои од младинските политики на земјата се земени за пример за успешна имплементација на најважните прашања за младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.