Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев вечера повика на прекин на воените дејствија, бомбардирањето и нападите меѓу Израел и Палестина, како и на изнаоѓање решение преку дијалог.
-Твитот што го објавив во однос на случувањата помеѓу Израел и Палестина е соодветен на нашите политики кои повикуваат на престанок на насилството од двете страни, на престанок на нападите врз цивилното население, на дијалог и на мирни решенија онака како што се нашите политики, рече Заев на вечерашната прес-конференција по одржувањето на 26. партиски конгрес.
Заев истакна дека нашата земја е пример, дека дијалогот и дипломатијата можат да даваат решенија на многу тешки прашања.
– Сме го искусиле тоа и верувам дека низ дијалог и дипломатија можат да се изнајдат решенија и за вакви прашања, напомена Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.