Премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил објави дека Колективниот договор за високо образование и наука, кој беше усвоен на последната владина седница, ќе значи повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани и поквалитетни студенти.
Со колективниот договор за првпат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително предвидено е зголемување на платата на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година – објави Заев.
Тој наведува дека едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќал со големи потешкотии од страна на високообразовните установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.