Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција потври дека лично ургирал кај граничарите од Деве Баир да бидат пропуштени неколку автомобили за време на полициски час.
Точно е дека ноќта се јавив кај една полициска службеничка со прекрасен глас, бидејќи на ГП Деве Баир веќе имаше неколку возила кои беа влезени на наша територија и немаа право да мрднат оти влегле по 22 часот.Ми се обрати граѓанин кој е од турска националност, а јас тој воопшто не го ни познавам. Тоа што го знаев е дека има дечиња во автомобилот и дека се заглавени на граничниот премин. Јас сум достапен за сите граѓани, па уште вечерта се консултирав и се распрашав дали имаме таква мерка. Културно се обратив до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил. Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето. Јас всушност не се јавив кај полицајците, туку кај нашиот сограѓанин кој побара помош од мене. Тој им соопшти на полицајците дека премиерот ги бара, а тие на почетокот не можеа да поверуваат. Мислам дека секој би го направил тоа, бидејќи се работеше за деца. Чесно постапив, а ако има нешто спорно, институциите слободно нека проверат, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.