Во вакви околности, најлесно е да бидете популисти и да бидете гласни и да кажете – нема закон. Но, што правиме со другите 50.000 дивоградби, со стовариштата, фабриките, кои не се спорни за никој, а треба да добијат имотни листови, вели премиерот Заев во интервју за „Фокус“, за Законот за легализација, кој по изгласувањето во Парламентот, не беше потпишан од претседателот на државата и за кој сега се води дебата.

Тој посочи дека потребата од носење на новиот закон беше поради тоа што престана да важи стариот и оцени дека новиот закон ќе овозможи приматели на социјална помош да не плаќаат ништо, напоменувајќи дека постои потребата од легализација на половина од постојните водоводни и канализациски мрежи, дел од локалните патишта и културни домови и обележја.

Притоа, премиерот Заев потенцира дека се слушаат укажувањата на стручната јавност, колективните згради не беа ставени во законот, поради остварување бизнис и избегнување на законот и дека УНЕСКО е комплетно вграден во заштитата на Охридскиот регион, согласно Законот за управување и таму нема легализација.

Исто така, нема да биде дозволено градење и во националните паркови и во сите заштитени подрачја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.