Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.

Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и колацијата „Можеме“ и ДУИ, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Заев имаше средба со Ахмети за постигнување конечен договор за формирање на влада, на која присуствуваа и генерлните секретари на партиите Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.