Премиерот Зоран Заев за МРТВ порача дека поредокот мора да важи за сите и дека тоа ќе го почнат со функционерите. Според него, прекршување на закон значи затвор, а неетичко однесување значи оставка или разрешување. Заев вели дека мора да има ред, правда и дисциплина.

Според Заев, никој не е виновен без судски пресуди, но пресуди мора да има, мора да се зголеми транспарентноста, а поредокот мора да важи за сите. Тој додаде дека сите случаи од СЈО поднесени до судот се активни и сите треба да имаат завршница, но мора да се подобри ефикасноста.

Законите ќе значат прочистување на судството, судскиот совет има механизми да види кој застарувал предмети, како се враќаат предмети, механизми за проверка имаат и Државната комисија за спречување на корупцијата, управата за јавни приходи – изјави Заев.

Како што појасни тој, Законот за јавно обвинителство е донесен и ги има решенијата за сите случаи и истраги, но според него, мора да се екипираат судството и обвинителството, бидејќи недостасуваат кадри, а треба да се опремат и институциите, бидејќи, според него, не може да се пишуваат записници на машина за куцање.

Ние отворивме фронт против криминалот и корупцијата, но јас не сум волшебник да го направам тоа сам, важни се медимуите, инстиуциите, сите алки на општеството и дај Боже да бидеме 100 % успешни – порача Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.