Претседателот Заев од Вевчани: Јас сум бил и останувам оптимист. Тоа направи да броиме успеси дома и надвор, објави СДСМ на официјалниот профил на партијата.

Денес благодарение на тоа, го живееме својот сон, членка на НАТО и аспиранти за членство во ЕУ. Тешки државнички одлуки сме носеле и тешки борби сме воделе против режимот.​

Останувам борец до крај, силата ја црпам од вас граѓаните и сакам и вас да ве поттикнам да се борите, и никако да не дозволиме да се врати режим.​

Другата опција е само за моќ, власт и пари. Затоа ова е пресуден момент не само за Вевчани туку и за целата држава. Одлуката е дали остануваме на вистинскиот пат кој носи успех, прогрес и развој на општини и државата или ќе се враќаме во мрачното минато.

Како никоја друга Влада претходно, оваа Влада ги поддржа општините и ќе продолжиме да го правиме тоа, но треба народот да се разбуди, и решително и одлучно да покажи дека борбата за напредна, модерна и европска држава ја водиме ние.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.