Премиерот Зоран заев денеска во Брисел се сретна со Жан Клод Јункер и Јоханес Хан, а по средбата на својот Фејсбук профил напиша:
Денеска на средбата со претседателот Јункер и комесарот Хан во Брисел дознавме дека Европската комисија во известувањето за изминатиот петгодишен мандат ја смести Македонија и нејзиниот успех, на листата на 20 најголеми достигнувања на Европската унија во овој период. Тоа е за нас огромно признание и уште поголем поттик.
Од претседателот Јункер и комесарот Хан добивме потврда дека нашата земја е пример за соработка и пријателство во регионот и пошироко и дека другите земји треба да го следат нашиот блескав пример, на што јас додадов дека на внатрешен план сме општество што покажува политичка зрелост и европски манири.
Целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот. Тој потег треба да биде јасен и исклучиво врз основа на нашите заслуги, а во интерес на развојот на Унијата и во интерес на перспективите на целиот наш регион.
Европа е силна и уникатна бидејќи секогаш знаела да води и внатрешни реформи, и политика на проширување.
Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер честиташе на целата држава за историските чекори преземени во претходните две години. Тој истакна дека Македонија е подготвена за следниот чекор, за отворање на преговорите и дека тој ќе ја брани земјата и овој став секогаш.
Еврокомесарот Хан во неговата изјава на конференцијата за медиумите во Европската Комисија во Брисел нагласи дека Македонија ги исполни сите задачи што беа побарани од неа и дека сега е на ред Европскиот Совет да го исполни ветувањето од минатата година и да го потврди датумот за отворање на поглавјата, и со тоа да се гарантира мирот и просперитетот во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.