Коментирајќи ги најновите барања од Бугарија, актерот Сашо Тасевски вели дека од почеток било јасно дека ќе има бугарски пречки за евроинтеграциите доколку не го смениме идентитетот, но власта не била способна да го види тоа.

Еееееј, а бе Бугариве изгледа не ни се баш добрососеди. Упорни се некако во барањата за побугарчување на Македонците!!!! Ни велат нема ЕУ без побугарчување!!! Додуша Бојко другар ми, уште е фин со мене, ама онаа Захариева, змија бе, анаконда.
Така звучеше вчера Заев, како да се разбудил после долга опијатска кома. Иако уште не сфаќа дека цело време играат лош и добар полицаец со него.

Тоа и го реков на последниот мој настап на Само вистина кога соговорник ми беше оној Неџат, таканаречениот политички аналитичар на Заев. Ви го прават трикот добар и лош полицаец, цело време. Бугарија е сериозна во барањата, а ЕУ ќе ја поддржи со истиот трик.

Како и да е, Заев вчера полека почна да ги навикнува идиотите околу него дека ЕУ нема ни да помирисаме и после сите квислингшки договори што ги потпишаа со Бугарија и Грција. Се обидува да прави и некој притисок на ЕУ, демек, видете што ни прават, не се договоривме така.

Дечко со тебе никој ништо не се договарал. Само те веслаа ко Лихнида кајчето. Таква е судбината на сите кои влегле во срамни политички дилови на штета на својот народ. Сликајте се сега со НАТО. Едно селфи со голи мазни газиња. Свежо депилирани. И подмачкани. Со новите лубриканти – пишува Тасевски.

Еееееј, а бе Бугариве изгледа не ни се баш добрососеди. Упорни се некако во барањата за побугарчување на Македонците!!!!…

Gepostet von Sasho Tasevski am Sonntag, 11. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.