Македонскиот фудбал е национална гордост. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Еден тим, една држава, едно општество, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по натпреварот Македонија – Холандија, што заврши 0:3, а кој тој го следеше од трибините во Амстердам заедно со холандскиот премиер Марк Руте.

Тој се заблагодари и до УЕФА, за, како што напиша, одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација.

Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост. Од сѐ срце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, напиша Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.