Премиерот Зоран Заев рече дека може ќе ги прифати, а може и нема да ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Тој рече дека мора добро да се размисли што потоа, кој ќе ја менаџира кризата, кој ќе го води здравството и болницата во Тетово.

Го разбирам гневот, го имаме сите, го имам и јас, болката е голема. Не може да разрешувате министри, влада па да водите сметка. Мора да ги дадете соодветно одговорите. Што ќе правиме, некој да се учи неколку месеци? Што после тоа? Имаме коронавирус. Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што би дале оставка, туку би заминале од политиката и не би се вратиле. Но не можеме да ги вратиме! Модуларните болници е пациентите да не седат по паркинзи. Целта беше исполнета, таму се сместуваат граѓани заболени од ковид-19. Ние не градевме болници, тоа се модуларни контејнери. Тие се секаде во светот така поставени. Замолувам за целосно споделување на вистината. Јас реков никој не е венчан за ниту една функција. Функцијата е обврска како што е право. Јас можеби нема да ги прифатам, но можеби и ќе ги прифатам оставките. Моралната одговорност е направена. Ми требаат податоци, за да одлучам што со пандемијата, дали ќе треба некој да обучуваме во нови шест месеци, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.