Премиерот Зоран Заев на синоќешната тринина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски, рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сугестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија.
Си дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе таму претседател. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска – рече Заев пред присутните граѓани.
Премиерот Заев на чело на Советот за реформи застана пред една година кога на редовната 57-ма седница, Владата го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.