Зоран Заев е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, како што рече, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.
Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средба. Ако тие кажат, јас сум подготвен. Ќе си каже и господинот Мицкоски, веројатно и други лидери ако треба ќе повикаме. Целта е да помогнеме на работната група да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство“, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.
Премиерот не гледа ништо спорно што Јанева од притвор испрати полномоштво за СЈО да ги предаде предметите на републичкиот обвинител.
„Знам и деловни луѓе што потпишуваат плати од притвор. Со дозвола од судија, за секој граѓанин што е овозможено, тоа важи и за Катица Јанева“, рече Заев.
На прашањето дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.