Двојазичната табла поставена на зградата на Јавното правобранителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета бидејќи е поставена по грешка, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека таблата е грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.

Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик, рече Заев.

Заев додаде дека двојазичните табли постојат само во средините кадешто граѓаните од албанска етничка заедница се повеќе од 20 проценти и изрази верување дека табли и на турски јазик би можело да бидат поставени во Гостивар или на српски во Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.