Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, кој го завршува својот мандат воземјава. На средбата се поздравени заложбите и ефективните политики на Владата во делот на заштитата и унапредувањето на правата на децата и младите, посебно во делот на социјалните политики иобразованието, соопштуваат од владината прес-служба.
Нашата држава, при тоа, е посочена како пример зауспешно спроведување на проектот за деинституционализација, со што децата од социјалните институции се сместуваат во згрижувачки семејства. Премиерот Заев рече дека УНИЦЕФ е важен партнер на Владата во спроведувањето на овој проект и на други проекти во областа на социјалните политики.
Претседателот на Владата, Заев се заблагодари посебно за личните заложби на претставникот на УНИЦЕФ, Перкс за искреното пријателство кон граѓаните на нашата земја и грижата за напредокот на државава, што резултира со конкретни резултати.
Од голема важност е поддршката од УНИЦЕФ во реализацијата на клучните приoритети на Владата во областа на социјалната заштита и образованието, како што е проектот за деинституционализација. Како Влада фокусирани сме кон креирање општество фокусирано напотребите на децата и на младите луѓе. Вложувањата во правиленраст и развој и насочувањето на децата и младите според нивнитеможности и интереси, уште од раното детство, значи вложување воздрави и мотивирани луѓе кои ќе придонесуваат на пазарот натрудот и ќе бидат конкурентни и оспособени за живот, рече Заев.
Тој информираше за чекорите што се преземаат за поголема активност на децата и младите во областа на спортот, за промовирање на концептот едно општество за сите, низ заедничките спортски и културни активности на децата од различни средини на живеење, за заложбите што се прават да се овозможат услови за работа на младите луѓе кои не се заинтересирани за факултетско образование, со што ќе се придонесе и во обезбедувањето квалификувана работна сила според пазарните потреби. Исто така е нагласена определбата на Владата, со стабилизацијата на Буџетот, за продолжување на трендот на зголемување на платите на воспитниот и наставниот кадар во градинките и училиштата, како и во условите за развој и учење на децата и на младите луѓе.
Имаме постабилен Буџет и повеќе пари ќе насочиме кон потребите за децата и за младите луѓе, рече премиерот Заев.
На средбата е заеднички констатирано дека со ваквите системскиполитики добиваат децата и младите луѓе, но и целото општество, кое што преку системот на приоритети и заштеди генерира напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.