Иако го печем корне, кине, македонскиот премиер Зоран Заев смета дека Бугарија е нашпријател а бугарскиот премиер Бојко Борисов негов брат.

Бугарија останува наш пријател, а Бојко Борисов мој брат и покрај тоа што е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство, рече македонскиот премиер Зоран Заев за време на гостувањето на ТВ Телма.

Вели дека чинот е непријателски,но сепак вербата останува.

Јас верувам во мојот пријател Бојко Борисов кого го нарекувам брат, вели Заев.

За вчерашното негово обраќање, тој ги потенцира емоциите што провејувале цело време.

– Пече, корне, кине ова вето на Бугарија, а тоа се чувствуваше и во моето обраќање вчера. Имаше тага и јас сум човек, претпоставувам тоа се познаваше, истакна Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.