Премиерот Зоран Заев ќе престојува во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, по повод доделување на награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
Церемонијата која ќе започне, а ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот во 15:45 часот ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на Заев.
Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи – Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.