Заев повторно вети продажба на фамозниот „мерцедес“ за кој осудени се Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски. По сторијата на ТВ21 дека возилото сè уште се наоѓа во владината гаража, во изјава за телевизијата премиерот Зоран Заев вели дека сега може да се вештачи и потоа продаде.

После пресудата на Врховен суд предметот е завршен и сега може да се направи вештачење колку пари би можел да се продаде и да се направи одлука согласно тоа, што да се прави со него, рече Заев за ТВ21.

Владата веќе имаше донесено одлука за негова продажба, но бидејќи тогаш беше во тек и судскиот предмет „Тенк“, истата беше повлечена бидејќи истиот беше материјален доказ.

Во меѓувреме, владата од СДСМ бројни пати беше уловена како го користи „она на М“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.