„Продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски. Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик”, овјави меѓу другото на својот Фејсбук – профил премиерот Зоран Заев.
Понатаму додава:
„Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.
Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре.
Изолациите ги оставаме во минатото бидејќи знаеме дека македонската иднина е европска. Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски.
Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик“.
По скандалозното интервју дадено за бугарската БГНЕС, во кое ја продаде македонската историја, а бугарските окупатори ги нарече администратори, Зоран Заев секојдневно почна да се јавува со статуси во кои сака да ги потенцира своите патриотски чувства.
Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и…
Posted by Zoran Zaev on Sunday, 29 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.