При првото наредно отворање на Уставот терминот „20 проценти“ ќе биде заменет со терминот – Албанците, рече премиерот Зоран Заев во неговото вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат.

„При следното отворање на Уставот, ’20-те проценти во државата…’, се знае дека се Албанците. Ние немавме право сега, оти кога го отворате Уставот, го отворате поради причината, тоа е Преспанскиот договор, кога ќе дојде време да го отвориме Уставот, за било која причина, ’20-тте проценти’ ќе ги пишеме Албанците. Затоа што Албанците се 20-тте проценти. Нема други од 20 проценти во државата“, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.