Македонија пред членството во ЕУ повторно ќе го отвора Уставот. Ова на заедничката прес-конференција со неговиот бугарски колега Стефан Јанев во Софија го изјави премиерот Зоран Заев.

Наш став е сите помалкубројни народи во нашата држава да бидат впишани во Уставот вклучувајки го и бугарскиот, хрватскиот народ и други заедници, рече тој.

Заев потсети дека нашиот Устав е создаден 1991 година и тогаш се впишани макеоднскиот, албанскиот народ, Србите, Труците, Власите, Ромите, Бошњаците, но, според премиерот, ако сакаме да бидеме земја членка на ЕУ треба да имаме Европски Устав, во кој што „по примерот на една Хрватска ќе ги впишеме и другите народи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.