За само еден месец, различни ставови во СДСМ за одржување на изборите. На новинарско прашање на крајот на јуни, дали може да се искомплицира поклопувањето на пописот со кампањата за локалните избори, од партијата изјавија дека тие два процеса можат без проблеми да течат паралелно. Денеска, претседателот на партијата побара датум на крајот на октомври токму од таа причина, коментира Телма

За Алијанса за Албанците, 17 октомври е терминот во кој мора да се одржат изборите. Премиерот тврди и дека е постигнат договор со поголемите партии и за отворените листи, но со праг од 3 проценти. Помалите партии кои го бараа ова, сега се двоумат токму поради овој праг, кој ќе го качува кандидатот погоре на листата. Ова во принцип значи можност да стане советник и некој што е подолу на листата, на 7 или 8 позиција, ако за него гласаат 3 проценти од вкупниот број на избирачи на тоа место.  На 16.000 избирачи, три отсто е 480, што за помалите партии е проблем да се постигне, затоа што гласовите им се расцепкани.Тие бараат отворени листи без никаков праг.

По заканите од БЕСА дека ќе излезат од коалицијата ако СДСМ не го поддржи нивниот кандидат за Тетово, Заев одлучил и таму да оди со свој кандидат во првиот круг. Ако не успее, во вториот круг ќе го поддржи кандидатот од тројцата коалициони партнери, кој освоил најмногу гласови.До крајот на неделата треба да се сретне со коалицискиот партнер Али Ахмети за да разговараат за можен заеднички настап. Такви средби веќе имал со лидерите на ДПА и на Беса, Мендух Тачи и Билал Касами и најавува колалиција во првиот круг во 50 отсто од избирачките места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.