Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика граѓаните да останат дома за овој викенд, за како што рече, посилни да го изминат овој момент.

Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.

Корона вирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!“, напиша Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.