Премиерот Заев во своето обраќање во Охрид истакна дека оваа средба, како и иницијативите утврдени во планот за приоритетни мерки, воопшто не е алтернатива на аспирациите на сите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ, и дека тоа и понатаму останува главна цел за државите од регионот
„Уверен сум дека овие напори се во поддршка на нашите амбиции за членството во ЕУ. Исто така сум цврсто убеден дека оваа иницијатива и конкретните мерки и резултати ќе предизвикаат позитивно внимание и во Европската Унија и кај секоја од земјите членки на ЕУ. Оваа иницијатива ќе не факторизира како регион, и ќе ја факторизира секоја земја од Западен Балкан уште повеќе во процесот за членство во ЕУ“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека овој впечаток е веќе потврден уште во Охрид со разбирањето и поддршката за иницијативата што е препознаена од претставниците на Европската Унија, од Регионалниот совет за соработка, како и од претставниците на финансиските институции Европската банка за обнова и развој, Европската банка за инвестиции и до Светска Банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.