Насоката од централата до советниците од Советот на Општина Тетово беше да гласаат „да“. Ова во вчерашното интервју на „Само вистина“ го призна Зоран Заев, зборувајќи за скандалозната зделка за земјиштето од ШИК „Јелак“ со контровезрзинот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака.

Заев додава дека и токму тој е мотиватор да се носат урбанистичките планови.


По експресното гласање на Советот, Министерството за транспорт и врски го одобрува  Деталниот урбанистички план со 233.000 метри квадратни за само 7 дена. По брза постапка се прави пренамена на ДУП-от на некогашниот шумско инсдустриски комбинат и на таа локација ќе гради стамбен и трговски центар со големина од 70.000 метри квадратни. Предвидени се 27 стамбени згради и четри трговски центри. Според проценките, ова е бизнис вреден 200 милиони евра, експресно доделен на контроверзен црногорски бизнисмен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.