Премиерот Зоран Заев вели дека Универзитетот „Св. Св Кирил и Методиј” од Велико Трново ги исполнувал сите законски услови да добие акредитација во земјава. Отворањето негова филијала во земјава, смета премиерот е поткрепа на пријателството, на добрососедството и соработката.
-Кога некоја високообразовна институција од Бугарја бара да отвори овде Универзитет а ги исполнува условите, а ние го спречиме и покрај исполнувањето на условите тогаш не сме пријатели, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање.
Според него, ова се регулира и со членот 24 од Законот за високо образование кој предвидува „Странска високообразовна установа на која и е признато право да врши високообразовна дејност, односно акредитирана за вршење на високообразовна дејност во земјата во кое и е седиштето (во конкретниот случај во Бугарија) врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија по претходно мислење на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование може на некој од светските јазици да врши високообразована дејност на територијата на Република Македонија”.
-Кога ви аплицира институција согласно законите во нашата земја и притоа ги исполнува условите во Законот и во прилог дава заинтересирани идни студенти коишто пријавиле интерес да го аргументирам тоа дека е така. Вие не можете да донесете одлука да видите дали е од прво рангираната или од шестилјадитата рангирана институција по Шангајската листа. Овде не пишува по Шангајската листа како да се водиме ние во законите. Ако некој ги исполнува законските услови треба да постапиме позитивно, рече премиерот Заев.
Законот, додаде Заев, е јасен и наставата таму треба да биде некој од признатите јазици – англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот или македонскиот јазик.
-Така што согласно законот и правото доби затоа што ако некој аплицира, ги исполнува условите таму во законот претходно вика што услови треба да исполнува. На мислење на МОН кое што е завршено, одборот за акредитација е завршено, Владата дава отворање. Има и сегашни и минати влади дале и некои одзеле заради неисполнетост на условите по слово на закон и по правото аплицирале, ги исполниле условите е дадено одобрението за отворање на високообразовната институција, истакна премиерот.
Тој вели дека нема да има недоразбирања заради сличното име со Универзитетот „Свети Кирил Методиј” од Скопје.
-Во самите дипломи има јасно кој тоа универзитет дал диплома. Се знае дека е „Свети Свети Кирил и Методиј” од Велико Трново кој има овде отворено високообразовна институција, е различен од нашиот македонски универзитет „Свети Кирил и Методиј” во Скопје кој што ги издава дипломите, рече Заев одговарајќи на прашање на пратеничката Гордана Силјановска Давкова.
Таа од него побара одговор врз која основа е дадено решение и одобрување за овој универзитет. забележа дека тој нема да придонесе за поквалитетно образование на младите, поради тоа што, како што истакна, е на 3765 место на Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.