Нашата земја на чело со Зоран Заев стана единствената држава во Европа каде има осуден новинар.
Власта на СДСМ со закани и замолчување на вистината посегна по новинарската слобода. За да не се дознае криминалното владеење во Македонија е осуден е новинар на шест месеци затвор.
Рекации стигнаа од новинарските здруженија во земјава, политичари, колеги…
Поранешниот вице-премиер Васко Наумовски по пресудата за новинарот Митановски кажа дека бил мета на разни напади, но никогаш не се осудил да тужи медиум.
Сум бил мета на разни напади, лични напади, но никогаш не сум се осудил да тужам новинар или медиум – вели поранешниот вицепремиер за европски прашања, Васко Наумовски
Во страв и паника Заев нарачува пресуди со кои сака да сокрие дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад „Рекет“, очаен дека пред него се избори од кои ќе доживее пораз, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес.
На ова реагираше и најголемата опозициска партија, од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека повеќе од покажува дека е очаен и истрошен политичар во заминување кој не може да се помири со тоа дека наскоро ќе одговара пред законите за сите свои злодела нанесени на Македонија и македонските граѓани. Колку и да се обидува да тероризира и уценува, Заев не може да му избега од судот а граѓаните.
Криминалецот Заев во страв и очај од изборен пораз и во паника да не се дознае вистината дека токму тој е главата на октоподот кој стои зад Рекет, посегна по новинарската слобода и осуди критички настроен новинар за пишување информации од јавен интерес.
Заев со пресудата преку неговото Луј Витон правосудство сака да испрати порака до сите новинари да не ги објавуваат неговите криминали и криминалите на неговата влада.
Целата македонска јавност знае дека зад драконската казна на Луј Витон судството стои токму Заев кого сите го слушнавме како и претходно нарачувал судски пресуди, а целта е никој во државава да не зборува и да не пишува ниту за рекетираните милиони од повеќе бизнисмени ниту за сите погрешни политики и порази кои ги нанесе изминативе три години, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова за жал не е единствен случај. Власта на СДСМ котролира медиуми ги затвора, а се менуваат и критички настроени уредници, министри поднесуваа кривични пријави и се цензурира секоја објава за тешкиот криминал на бандата на Заев.
Заев вчера порача дека не му се допаѓала уредувачката политика на Алфа, дури и спомена некаква истрага против медиумот, за кои барем од телевизијата немаат никаква информација. Запрашан за каква истрага станува збор, се поправи дека не станувало збор за истрага, вели мислел на контрола од Финансовата полиција.
Беше споменато при едно интервју од Финансова полиција дека имало контрола, не знам дали има истрага, дали има предистрага или слично, дека имало контрола порано, изјави Заев.
Тука се поставува прашањето од каде поранешниот премиер, а сегашен претседател на СДСМ има нови информации од институции со оглед на тоа што Заев не е носител на раководна функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.