Избори треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата, порача уште еднаш претседателот на СДСМ Зоран Заев, по денешната средба со кандидатите за пратеници од четвртата изборна единица.
Потребно е и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почетокот на летото, најмногу заради здравјето на луѓето. Затоа мојата порака е – изборите се решение, а не проблем. Избори пред лето се клучни за да се обезбеди целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и ќе обезбедат рестарт на економијата. На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, порача Заев.
Заев посочи дека на изборите сака да учествува и опозицијата. Сепак вели „ако немаат избор ќе мора да ги почитуваат законските рокови за изборниот процес“.
Ни треба целосно функционален демократски институцицонален систем и мегханизми за развој на стопанството. Ние сакаме избори на кои ќе учествува опозицијата. Имаме силен демократски капацитет и како и досега, ќе направиме се за опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога во тоа време СДСМ дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови за изборниот процес, порача Заев.
Лидерот на СДСМ порача дека е сигурен дека институциите ќе обезбедат целосна заштита на граѓаните на денот на гласањето и дека кампањата ќе биде во согласност со протоколите за заштита од ковид-19 и без масовни собири. Дополнително вели, меѓународните набљудувачи ќе гаратираат дека „слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.