Премиерот Зоран Заев вели дека успешно завршениот попис е европска лекција за одговорниот пристап на граѓаните кон оваа статистичка операција и дека прифаќањето на резултатите веќе е потврдено со искажувањето волја на огромното мнозинство граѓани да се попишат.

-Сите граѓани се попишаа. Демократија е, граѓаните го дадоа конечниот збор. Во Бугарија пописот заврши со 82 проценти попишани граѓани, а кај нас се попишаа 99 проценти. Бугарија е европска земја, ние сме земја-кандидат за членство во Европската Унија. Држиме лекција од секој можен аспект, затоа што добро ги поставивме основите, рече Заев во интервју за ТВ Алсат-М.

Тој оцени дека по 30 години, кога цело време се создаваа политички тензии, новата Влада која тој ја предводи покажа дека води исправни политики, кои носат резултати, а граѓаните умеат да ги препознаат и да ги отфрлат политиките кои се водеа претходните години само заради власт, заради пари и владеење



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.