ремиерот Зоран Заев ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците од СДСМ и претседателот на Собранието го загрозиле здравјето на пратениците и граѓаните. Заев на „Фејсбук“ им честиташе на пратениците и на собраниските служби што успеале да обезбедат услови за гласање на пратеници во изолација и да ги донесат законите од петтиот пакет економски мерки.

„Огромни честитки и до заболените пратеници кои и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните“

напиша Заев.

Во објавата Заев го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговата партија безуспешно правела обиди за блокади во Собранието, загрозувајќи ја економската егзистенција на илјадници граѓани.

„Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди“

додава Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.