Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска во својата партијата ја поднел оставката од претседателската функција, објави СДК.мк.
Согласно статутот на партијата, со оставката на лидерот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.
Заев претходно, кога ја најави оставката на денот на вториот круг од изборите, нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што рече, престојат две и пол одлични и неповторливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.
Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено – изјави Заев.
Од партијата денеска соопштија дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.